Заев - Нам ни треба нов Илинден

Македонија е заедничка татковина на сите нас и заедно треба да се бориме за неа и да ги постигнеме идеалите токму на двата илиндени, а тоа се секако слободна земја со демократски институции, правото и правдата да важат за сите, земја каде што граѓаните ќе имаат достоинствен живот под еднакво за сите, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој денеска од Крушево им го честита 2 Август - Илинден на граѓаните на Македонија.

„Нам ни треба нов четврти Илинден во којшто ќе се обединиме одново без разлика на вера, народност, пол и убеденија. Заедно, браќа, сестри, земјаци и комшии како што е запишано и во Крушевскиот манифест, ќе се избориме за право, слобода и за социјална правда,“ рече претседателот на СДСМ.