Хрватска не прима „непримерни ноти“ од Србија

Бранимир Главаш

Хрватска нема да прима „неприфатливи“ дипломатски ноти од Србија која наместо тоа треба да се занимава со европеизација на општеството. Ова, како што јавува хрватската новинска агенција Хина, бил ставот на хрватското министерство за надворешни работи по најновите протестни ноти од Белград. Станува збор за две ноти, првата поради укинување на пресудата на Бранимир Главаш за воени злосторства врз српски цивили во Осиек, а втората поради откривање споменик на Миро Барешиќ, хрватски емигрант кој во 1971 година во Шведска го уби тогашниот југословенки амбасадор Владимир Роловиќ.