Обичните Иранци немат корист од нуклеарниот договор

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи изјави дека обичниот ирански народ се уште нема корист од нуклеарниот договор потпишан со светските сили минатата година, со кој се укинаа економските санкции врз земјата.

Хамнеи во денешниот говор во Техеран рече дека Иранците не гледаат „опиплив ефект“ во секојдневниот живот по укинувањето на санкции, кои, се пожали тој, не се укинати до крај. Тој посочи дека Вашингтон требало брзо да ги укине санкциите кон неговата земја, но САД тоа го прави постепено. Хамнеи се пожали и дека странските компании се уште не инвестираат во Иран.

Според нуклеарниот договор, кој Иран го потпиша со шесте светски сили минатото лето, Иран треба да ја спречи својата контроверзна нуклеарна програма, а за возврат светските сили да запрат со економските санкции.