Најмалку 23 повредени во експлозија во ресторан во Дагестан

Илустрација.

Во експлозија во ресторан во Дагестан се повредени најмалку 23 луѓе, од кои неколкумина се во критична состојба. Министерството за внатрешни работи на Дагестан соопшти дека експлозијата ја предизвикало истекување на природен гас во ресторанот во главниот град на Дагестан, Махачкала. Од Министерството за здравство велат дека 23 луѓе се хоспитализирани, од кои пет се во „многу сериозна состојба“. Според министерството, некои од оние кои се хоспитализирани имаат изгореници на речиси 100 проценти од нивните тела.