Предупредување за невреме во дел од Балканот

Европскиот Метеоролошки Институт - Естофекс денеска издаде предупредување од второ ниво во кое предупредува на бура, која може да го зафати подрачјето на Словенија, Црна Гора, БиХ и Хрватска.

Според предупредувањето, реонот го очекува бура, поројни дождови, заладување и силен ветер. Невремето ќе започне кон средината на денов, а подобрување на времето се очекува дури в четврток.

Влошување на временските услови веќе е регистрано во некои делови на Хрватска. Високи бранови поплавија неколку улици на островот Паг. Во Риека утринава паднаа поројни дождови, проследени со грмотевици.