Русија негира дека стои зад хакирањето на мејловите

Руските власти ги отфрлаат наводите дека стојат зад хакирањето на мејловите на американскиот Национален комитет на Демократската партија. Вчера демократска кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон во интервју изјави: „Ние знаеме дека руските разузнавачки служби ги хакирале мејловите на Националниот комитет и знаеме дека организирале многу од тие мејлови да бидат објавени.“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека коментарите на Клинтон се дел од предизборната реторика и не содржат ништо опипливо.