Судот одби мерки за претпазливост за случајот „Тврдина“

Скопскиот Кривичен суд ги одби предлозите на СЈО за определување мерки за претпазливост за тројца луѓе опфатени со предметот „Тврдина“. Судот постапуваше по барање на СЈО за определување мерки за претпазливост против лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С. опфатени со предметот на СЈО познат како „Тврдина“, по сослушување на лицата во однос на предлогот, донесе решенија со кои го одби предлогот на обвинителството за сите три лица, се наведува во денешното соопштение од Судот.

Против овие решенија дозволено е право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата, велат од Кривичниот суд. СЈО го отвори случајот Тврдина за уништување на опрема за прислушување.