Пет луѓе загинаа при пад на руски хеликоптер во Сирија

Пет луѓе загинаа при падот на руски воен хеликоптер во Сирија, соопштија руските власти. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков изјави дека сите луѓе кои биле во хеликоптерот загинале. Песков вели дека тие умреле херојски оти се обиделе да се срушат подалеку за да ги минимизираат штетите на земја. Претходно од Министерството за одбрана соопштија дека транспортен хеликоптер Ми-8 е соборен, додека се враќал во руската воздушна база откако доставил хуманитарна помош во градот Алепо. Министерството соопшти во леталото имало тројца членови на екипажот и двајца полицајци.