„Безбедносните коридори “ во Алепо спорни

Илустрација

Сириската државна телевизија јавува дека 169 цивили претежно жени, преку „безбеден коридор“ успеале да ги напуштат источните делови од Алепо. Станува збор за коридор кој што го обезбедуваат Москва и Дамаск за да ги евакуираат луѓето од деловите во градот кои што се под контрола на опозицијата. Овие информации на државната телевизија опозициските сили во Алепо ги оценија како пропаганда затоа што три од четирите поставени „ безбедносни коридори “ до вчера не беа ни отворени.

Околу 250 илјади цивили се заробени во внатрешноста на сирискиот град Алепо што укажува дека дури и да профункционираат овие коридори поголемиот дел од цивилите кои се во деловите каде што се војува и натаму ќе се соочуваат со недостиг на храна.

Според телевизиските снимки на државната телевизија не може да се видат луѓе кои ппоминале низ премините, со што е тешко да се потврди независно информацијата. Дополнително државната телевизија информаира дека дел од опозициските вооружени борци поминале низ премините и се предале на сириските владини сили со цел да ја прифатат амнестијата што ја нуди Дамаск.