Чешка oдобри продолжување на мисијата на полицајци во Македонија

Чешката влада ќе испрати 50 полицајци во Унгарија, а на 40 полициски припадници кои веќе се во Македонија ќе им биде продолжена мисијата до 11 септември, јавува македонската новинска агенција МИА. Во пост објавен на социјалната мрежа Твитер претседателот на чешката Влада Бохуслав Соботка, истакна дека продолжувањето на проактивниот пристап за запирање на илегалната миграција е преземен на барање на двете земји Македонија и Унгарија.
Претходно министерот за внатрешни работи Милан Хованеци изјави дека полицајците се бараат за заштита на шенгенските граници и подвлече дека партнерите треба да си помагаат.
Од крајот на минатата година, контингенти на чешките полицајци поради миграциската криза беа испратени во Македонија, односно во Гевгелија, Грција, Словенија и Унгарија.