Ослободени 758 регрути уапсени по пучот во Турција

Судот во Истанбул ослободи денеска 758 од 989 регрути, кои беа уапсени во рамки на истрагата за обидот за пуч на 15 јули во Турција. Откако дале изјави, обвинителство во Истанбул побара ослободување на овие регрути, а судот ја донесе одлуката оценувајќи дека повеќе нема потреба за нивно притворање, имајќи предвид дека не претставуваат опасност. Според податоците на турскиот министер за внатрешни работи Ефкан Ала, пнад 9 илјади луѓе главно припадници на армијата, се уапсени во акциите по неуспешниот преврат против претседателот Реџеп Таип Ердоган.