Талибанци презедоа контрола врз авганистанска јужна област

Авганистанските власти соопштија дека Талибанци ја презедоа контролата врз статегискиот регион во провинцијата Хелманд каде што се наоѓаат големи плантажи со афион. Во соопштението е наведено дека во тек се борби меѓу милитантските и авганистанските безбедносни сили.

Според соопштението на авганистанските власти талибансите сили имаат контрола врз 60 проценти од провинцијата Хелманд. Станува збор за област што се наоѓа во близина на границата со Пакистан.