Украина:Посетата на француската делегација на Крим е навреда

Илустрација

Украина ги осуди посетите на француските пратеници во кримската област. Делегацијата од 11 члена е во тридневна посета на Крим. Министерството за надворешни работи на Украина преку писмено соопштение истакна дека француската делагација „со провокативната посета ги повреди украинското законодавство и меѓународното право и при тоа го занемари официјалниот став на Франција.“

Во соопштението е наведено дека Киев на оваа посета гледа како манифестација на намерна поддршка на агресијата на Русија против Украина. Француската пратеничка делегација соопшти дека целта на посетата во Крим е разговори и средби со локалните лидери и жителите како и со претставници на руската флота.

Западните земји воведоа санкции против Москва поради случувањата во Крим во 2014 -та година, како и поради нејзината поддршка на сепаратистите во источна Украина.