Кампањата на Клинтон мета на хакерски напад

Претседателската кампања на Хилари Клинтон е дел од поголемиот хакерски напад врз институциите на Демократската партија, јавуваат американските медиуми. Претходное мета на хакерски напади беа податоците во Демократскиот национален комитет и Демократскиот комитет за конгресна кампања.

Американските разузваначки служби сметаа дека хакерскиот напад е извршен од агенти кои работат за руската влада. Хакерите оставиле траги според кои се претпоставува дека станува збор за руски програмери кои користат алатки што им се достапни само на владите. Дел од американста јавност стравува дека Русија можеби се обидува да влијае на претседателските избори, можност која што неодамна ја спомна американскиот претседател Барак Обама.

Руската влада негира дека е инволвирана во нападот, и обвинувања ги оцени како „отровна антируска“ реторика на Вашингтон.