Регионална акција против трговија со дрога

Успешно заврши операцијата „Балкан“ за трговија со дрога, соопштија денеска од македонското МВР. Полициите од Албанија, Бугарија, Македонија, Грција, Србија и Турција воделе паралелни истраги во рамки на операцијата за трговија со дрога „Балкан“ започната во 2015 година. Акцијата ја започнала Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција. Истрагата резултирала со апсење на 28 луѓе, а издадени се налози за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Биле запленети приближно 27 килограми хероин, 2 килограма кокаин и речиси 184 килограми марихуана, како и повеќе од 38.000 евра, 1,5 милиони албански леки и четири оружја.