Трамп - коментарите за мејловите беа сакрастични

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги повлече своите навестувања дека Русија би требало да ја хакира електронската пошта на неговата демократска противкандидатка Хилари Клинтон, велејќи дека бил саркастичен. Трамп на 27 јули, рече дека ако биде избран, ќе ги преиспита американските санкции против Русија за анектирањето на Крим и ќе ја разгледа можноста за признавање на Крим како руска територија.

Од таборот на Клинтон велат дека забелешките на Трамп се прашање од национална безбедност. Руските власти денеска велат дека САД го допреа дното со скандалот со хакираните мејлови на Демократската партија. Според руските власти забелешките на Трамп за Крим не го менуваат тоа што Кремљ го нарекува „неутрален став“ на кандидатите за претседател на САД.