Северна Кореја: САД провоцираат тензии

Високиот претставник на Северна Кореја за односи со САД го обвини Вашингтон дека провоцира тензии со тоа што воведоа санкции кон лидерот Ким Јон Ун. Во интервју за Асошиејтед прес Хан Сонг Рјол, директор на одделот за САД во Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, изјави дека неодамнeшните aкции на САД го ставaaт Корејскиот полуостров се повеќе во состојба на војна. Тој изјави и дека плановите за заеднички воени вежби на САД со Јужна Кореја следниот месец водат исто така кон конфронтација. САД и Јужна Кореја редовно одржуваат заеднички воени вежби. Но севернокорејскиот политичар вели дека вежбите сега станале агресивни и дека вклучуваат подготовки како да се нападне Северна Кореја и да се убие нејзиниот лидер. Според него, одлуката на САД да воведе санкции кон Ким Јон Ун е финалната работа од тие подготовки. Вашингтон го стави на листата на санкционирани севернокорејскиот лидер и уште десетина други политичари, обвинувајќи ги за злоупотреби на човековите права, како екзекуции, принудна работа, тортура.