Брисел и даде на Полска тримесечен ултиматум

Европската комисија ја предупреди десничарската влада на Полска за три месеци да ги исполни препораките на Брисел за почитување на правото или на таа земја ќе и биде суспендирано гласачкото право во Европската унија. До ова доаѓа по неколку месечни преговори откако полската Партија на законот и правото победи на изборите и воведе измени во Уставниот суд и во јавните радиодифузен сервис. Брисел е загрижен дека со овие промени се поткопува демократската рамнотежа во Полска.