Трамп - Русија да ги најде исчезнатите мејлови на Клинтон

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, ги замоли руските власти да ги најдат 30-те илјади мејлови кои се водат за исчезнати од приватниот сервер на кандидатот на демократите, Хилари Клинтон. Трамп денеска во Мајами рече дека се надева оти Русија, ако го слуша, ќе биде во можност да ги најде исчезнатите мејлови на Клинтон. Трамп вели дека ако Русија, Кина или која било друга земја стои зад тоа, тој ќе биде искрен и ќе побара да ги види тие мејлови.

Џејк Саливан, висок политички советник на кампањата на Клинтон, одговори дека ова е првпат еден претседателски кандидат активно да ги охрабрува странските сила да спроведат шпионажа против неговиот политички противник.