Кремљ: Не се мешаме во изборни кампањи на други земји

Кремљ ги отфрла обвинувањата дека Русија стои зад хакирањето на мејловите на американската Демократска партија. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека Русија никогаш не се мешала во изборните кампањи на други земји. Тој вели дека политичарите во Вашингтон често ја искористуваат руската карта за време на изборната кампања. Коментарот на Песков доаѓа по интервјуто на американскиот претседател Барак Обама кој изјави дека е можно Русија да стои зад големото протекување на мејлови од Демократската партија со цел да влијае врз претседателските избори.