Нов бран бегалци од Турција во Грција

Грчките власти се вознемирени од бранот мигранти кои од турскиот брег се упатуваат кон островите во северниот дел на Егејско Море, објавија грчки медиуми. На островот Хиос вчера пристигнаа околу сто луѓе, а дневно на островот Лезбос пристигнаа од 50 до 100 лица, посебно по неуспешниот обид за пуч во Турција. Во меѓувреме, грчката крајбрежна стража пресретнува и чамци со мигранти и бегалци. Засега нема бегалци кои се упатени кон островот Самос.