Демократите и официјално ја номинираа Хилари Клинтон

На конвенцијата на американската Демократска партија и официјално Хилари Клинтон е номинирана за претседателски кандидат. Во гласањето таа доби 2383 гласа од над 4700 делегати на конвенцијата која се одржува во Филаделфија. Како што го надмина неопходниот праг за номинација, нејзиниот партиски ривал Берни Сандерс побара од делегатите номинацијата на Клинтон да биде прифатена со акламација, односно да не продолжи натамоѓното поединечно гласање на делегатите. Тоа беше прифатено од делегатите.