Партиите се договорија за Владата, МВР, медиумите и изборниот законик

Претставници на партиите потписнички на договорот од пржино за надминување на политичката криза во Македонија вчера начелно ги усогласија измените на законите за влада, за внатрешни работи, за медиумите и за Изборниот законик што беа договорени на 20 јули годинава. Работните групи ги усогласија и деталите околу ад-хок телото кое во предизборниот период ќе го следи известувањето на медиумите. Како што изјавија претставниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Никола Тодоров и Радмила Шеќеринска, законските измени се очекува да бидат изгласани до крајот на неделата. Доколку до крајот на неделава пратениците ги усвојат договорените законски решенија ќе се овозможи и одржување предвремени парламентарни избори до крајот на годинава.