Иран: Не е можно Русија и САД да не знаеле за пучот во Турција

Високиот воен советник на иранскиот ајатолах Хамнеи, Јахија Рахим Сафеви смета дека не е можно Русија и САД да не биле известени за подготовката на воен преврат во Турција. Сафеви, за иранската агенција ИСНА изјави дека вакви дејствија „не е можно да се спроведат без знаење и одобрение на странски сили“.

Во претходните денови, турските медиуми објавија информација дека, неколку часови пред превратот, Александар Дугин, советникот на рускиот претседател, го посетил Ердоган во Мармарис, каде претседателот беше на одмор со неговото семејство. Се смета, дека Дугин го предупредил Ердоган за подготвениот пуч.

Претходно, друг ирански претставник ги обвини Саудиска Арабија и Катар дека го поддржале државниот удар во Турција.