Трета рунда мировни преговори за Сирија

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура планира нова рунда преговори меѓу сириските власти и опозицијата кон крајот на август. Тој вели дека има одреден напредок и целта е да се организира трета рунда преговори. Тој денеска се сретна со високи претставници на САД и на Русија во Женева. Москва и Вашингтон се договорија да ја зголемат соработката за да се почитува примирјето во Сирија, како и да ја зголемат воената соработка против екстремистичката група Исламска држава и Ал Нусра. Де Мистура се надева дека новата рунда преговори ќе даде резултати, после неуспешните две рунди оваа година.