Оланд - Напаѓачите на црквата поврзани со ИД

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека двајцата напаѓачи на црквата во Нормандија тврделе дека се припадници на Даеш, што е арапското име за екстремистичката група Исламска држава.

„Даеш ни објави војна и ние мора да се бориме со сите средства, меѓутоа со почитување на правото, што не прави нас демократија, рече Оланд при посетата на местото на нападот. Тој претходно во соопштение го осуди нападот опишувајќи го како грд терористички чин.

Ватикан го осуди „варварското убиство“ на свештеникот во нападот. Портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди изјави дека се особено шокирани оти нападот се случил во црква.

Двајца напаѓачи ја нападнале црквата и зеле заложниици, црковни лица и неколку верници. Тие го убиле свештеник со нож, по што беа убиени од страна на полицијата.