Убиени киднапери и еден заложник во црква во Франција

Свештеникот кој заедно со уште неколку лица денеска беа држени како заложници бил убиен со нож од двајца киднапери во една црква во Сент Етјен ду Рувре во близина на Руен, во француската област Нормандија. Во акција на полицијата двајцата кидапери биле неутрализирани. На местото на настанот се очекува да пристигне францускиот претседател Франсоа Оланд. Овој напад е последен во низата смртоносни напади во Европа. Тој се случи десетина дена откако едно лице со потекло од Тунис со камион уби 84 луѓе во Ница.