Мишел Обама: Хилари е единствениот вистински кандидат

Мишел Обама

Американската прва дама Мишел Обама, говорејќи на Демократската национална конвенција, изјави дека Хилари Клинтон е единствениот кандидат кој е подготвен да биде претседател. „На овие избори има една личност на која и верувам и која е вистински квалификувана да биде претседател на Соединетите држави, а тоа е нашата пријателка Хилари Клинтон“, изјави Мишел Обама на првиот ден од четиридневната конвенција на која се очекува Хилари Клинтон и официјално да стане прва жена која ќе се трка за Белата куќа.