Турските пучистите ќе бидат судени во нов суд

Воените лица, обвинети за учество во неуспешниот обид за преврат во Турција, ќе бидат судени во новиот суд во анкарскиот кварт Синџан. Турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, изјави дека новиот суд ќе биде изграден во Синџан, местото каде на 4 февруари 1997 година турската армија извади десетици тенкови и оклопни возила за време на протестите на исламистите, на кои присуствувал и тогашниот ирански амбасадор во Анкара. Неколку месеци подоцна премиерот исламист Неџметин Ербакан беше отстранет од власта под притисок на војската. Претходно Боздак изјави дека во Турција во моментов нема доволно судови, во кои можат да бидат судени толку голем број осомничени лица. Новиот суд, што ќе биде најголем во Турција, ќе има капацитет за 900 лица, како и сопствен затвор.