Нападот во Флорида не е терористички

Нападот во ноќен клуб во Флорида не е чин на тероризам, соопшти тамошната полиција. Во пукањето во клучот рано утрото на 25 јули загинаа двајца луѓе, на 14 и 18- годишна возраст. Најмалку 14 луѓе се ранети за време на нападот во клубот во кој имало журка за тинејџери. Медиумите јавуваат дека е уапсен осомничен поврзан со нападот.