Полицајци загинаа во експлозија во југоисточна Турција

Најмалку тројца полицајци загинаа денеска при експлозија на бомба во југоисточна Турција, информира турската телевизија Хабертурк.

Според информации на телевизијата, рачно изработената бомба била детонирана при минување на оклопно полициско возило крај неа на пат во округот Мардин.

Ккао што јави ТАСС, според властите, експлозивната направа била подметната од бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).

САД, ЕУ и Турција оваа курдска група ја сметаат за терористичка организација. Групата од 1984 година води вооружена борба против турската држава. Насилството драстично се засили откако во јули минатата година ПКК се откажа од прогласеното примирје.