Средба Заев - Орав: потребни се регуларни избори

Следните предвремени парламентарни избори мора да бидат регуларни и тие избори, за кои е потребно да се испочитуваат роковите и да се одржат според предвиденото во декември, се сериозен предизвик за Македонија, дали ќе зачекори кон стабилна иднина. Спротивната опција е непосакувана и ризична и за граѓаните и за државата од секој аспект, заедничко констатирале на средба лидерот на СДСМ Зоран Заев и евроамбасадорот во заминување Аиво Орав, наведуваат од СДСМ преку соопштени. На средбата било и констатирано дека иднината на Македонија е во Европската унија и НАТО.