„Туркиш Ерлајнс“ на удар по обидот за пуч

Турската државна авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ отпушти над сто вработени, меѓу кои и членови на управата, во рамките на справувањето со приврзаниците на обидот за воен удар. Смените во „Туркиш Ерлајнс“ беа извршени синоќа откако беше утврдено дека дел од вработените биле поврзани со проповедникот Фетулах Ѓулен, објавија турските медиуми. Претставник на „Туркиш Ерлајнс“ одби да ги коментира медиумски наводи.

Во рамки на акциите по обудот за пуч турските власти денеска издадоа налог за апсење и за 42 новинари.