ИОК без забрана за руските атлетичари

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека нема да наметне забрана за руските атлетичари на олимпијадата во Рио поради скандалот со допинг, но одлуката за нивното учество на игрите ќе ја остави на релевантните индивидуални федерации.

Одлуката на комитетот доаѓа по серија извештаи за допин програмата во Русија спонзорирана од државата и обидите за нејзино прикривање. Според соопштението, меѓународните спортски федерации треба да спроведат самостојни анализи за секој атлетичар и да ги земат во предвид само адекватните тестови и спецификите на спортот и неговите правила.