Жерновски повикан во СЈО за Скопје 2014

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во вторник е повикан во Специјалното јавно обвинителство во врска со проектот Скопје 2014 година. Жерновски, според соопштението од општината, ќе даде исказ во врска со проектите во ДУП „Мал Ринг“, каде што се сместени спомениците и објектите од владиниот проект.

Жерновски, како што е наведено во соопштението, се надева дека со формирањето и работата на СЈО, конечно ќе се расчисти со криминалниот проект Скопје 2014.