ЕУ подготвена да се соочи со Брегзит

ЕУ е подготвена проактивно да ги адресира потенцијалните економски и финансиски последици од Брегзит, соопштија министрите за финансии од групата Г20 по дводневните разговори во кинескиот град Ченгду.

Во соопштението се наведува и дека тие се надеваат дека Британија ќе биде близок партнер на ЕУ и во иднина. Францускиот министер за финансии Мишел Сапин изјави дека министрите на Г20 се согласиле дека разговорите за излезот на Британија од ЕУ треба да започнат што побрзо со цел да се намали неизвесноста.