Кери ќе се сретне со Лавров за Сирија

Американскиот државен секретар Џон Кери со неговиот руски колега Сергеј Лавров

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров на маргините на самитот во Лаос кој ќе се одржи следната недела, а во фокусот на разговорите ќе биде војната во Сирија. На самитот на југоисточните азиски нации на 24 јули во Лаос освен Кери ќе учествуваат и дипломати од Русија и од Кина.

Кери се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и со Лавров во Москва минатата недела, по што порача дека биле постигнат договор за конкретни чекори за прекин на огнот и за рестартирање на мировните преговори за Сирија. Кери истакна и дека на самитот во Лаос ќе направат преглед до каде се преговорите за Сирија.