Малцинството Хазара на протест во Кабул

Илјадници припадници на шиитското малцинство Хазарапротестираат во авганистанскиот главен град Кабул, во знак на протест против менувањето на рутата на мултимилионскиот енергетски проект. Лидерите на Хазара бараат планираниот далновод кој треба да го поврзе Кабул со Туркменистан, да минува низ провинцијата Бамијан каде живеат главно припадници на Хазара. Но властите велат дека тоа би чинело милиони и го одлагаат проектот со години. Демонстрантите протестираат во близина на Универзитетот Кабул, неколку километри од областа каде се наоѓа Владата, веејќи авганистански знамиња и извикувајќи слогани „Правда“ и „Смрт за дискриминацијата“.

Имаше засилено полициско присуство а главните сообраќајници се блокирани.

Далноводот првично требаше да поминува низ Бамијан, но Владата одлучи да ја промени рутата. Според властите, новата рута ќе им заштеди милиони долари.

Полицијата трага по мотив кој може да објасни зошто 18-годишното момче со двојно германско и иранско државјанство вчера отвори оган во трговски центар во германскиот град Минхен. Во нападот се убиени девет луѓе, а 16 други се повредени, пред напаѓачот да се самоубие. Засега единствениот осомничен е пронајден мртов околу 1 километар од трговски центар Олимпија каде што се случи нападот, застрелан во главата, очигледно од своја рака, соопшти полицијата. Полицијата вели дека напаѓачот не и е познат досега.
Портпаролот на минхенската полицијата, Петар Бек, соопшти дека се укинати безбедносните рестрикции кои беа воведени и дека јавниот транспорт работи нормално.

Бек за новинската агенција Асошиетед прес изјави дека полицијата се уште трага по мотивот за нападот и дека се уште прибираат докази. Полицијата вршеше претрес во еден стан во градот, но не кажуваат дали се работи за станот на напаѓачот. По нападот германскиот политички врв одржа Совет за безбедност. Нападот во Минхен е трет голем акт на насилство врз цивили во западна Европа за осум дена. Минатата недела се случинападот во францускиот туристички град Ница и во воз во Баварија.