Турција затвора приватни школи

Турските власти ќе затворат 1.669 приватни образовни институции, објави Хуриет. Со друга мерка, властите поништуваат важност на вкупно 10.856 пасоши на луѓе осомничени за обидот за државен удар. По обидот за преврат во Турција извршен на 15 јули, беа уапсени илјадници луѓе осомничени за учество во пучот.При пучот загинаа 246 луѓе, а 2.185 се повредени.