На шефицата на ММФ ќе и се суди во Франција

На шефицата на меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе и се суди во случајот во кој владата му исплатила голема сума пари на еден бизнисмен, нареди францускиот Суд. Според Судот на Кристин Лагард ќе и се суди за зделка направена во 2008 кога таа била министер за финансии. Според обвинението ќе и се суди за небрежност во врска со исплата на 404 милиони евра на сметката на бизнисменот Бернар Тапи. Лагард е на чело на ММФ од 2011 година. Од ММФ изразија поддршка за Лагард во врска со овој случај. Портпаролот на ММФ вели дека Извршниот одбор продолжува да изразува доверба во способноста на извршниот директор.