Во Киев поворка во чест на убиениот новинар Шеремет

Илјадници луѓе учествуваа во поворката во чест на убиениот белоруски новинар Павел Шеремет во Киев. Тие поминаа низ улиците на Киев и носеа рози во своите раце. Тој беше убиен во експлозија на бомба пред неколку денови. Тој работеше на веб страницата Украинска правда, а претходно и за медиуми во Белорусија и Русија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека експлозивот бил „вешто“ подметната под автомобилот. Колегите на Шеремет веруваат дека тој бил цел на напади поради неговата работа како новинар. Европол и ФБИ им помагаат на украинските полицајци во истрагата за убиството на Шеремет.