Партиите го прецизираат Изборниот законик

Партиите ги прецизираат измените во Изборниот законик. За детали кои се однесуваат на Избирачкиот список тие дискутираа на Координација во Собранието, а потоа и на работен состанок во Министерството за правда. Денеска истекува рокот за донесување на измените.Партиите на партиските преговори се согласија за измени на законот, а сега се прецизира само текстот. Од ВМРО-ДПМНЕ испратиле ноќеска предлог текст до СДСМ, но опозициската партија имала забелешки.