Франција ја зголеми помошта за Ирак за борба против ИД

Францускиот претседател Франсоа Оланд ќе испрати артилериска опрема во Ирак во рамките на планираното зголемување на воената помош во борбата против организацијата Исламска држава. Оланд денеска рече дека опремата ќе биде испратена следниот месец и дека ќе направи напори Франција да го зголеми своето учество во коалицијата предводена од САД. Француските сили изведуваат воздушни напади врз упоришта на ИД и обезбедуваат воена обука. Оланд и денеска соопшти дека нема да испраќаат копнени сили.