Караџиќ ја обжали пресудата на Хашкиот трибунал

Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ денеска поднесе жалба против пресудата со која Хашкиот трибунал го осуди на 40 години затвор за геноцид и воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина (1992-1995). Адвокатот на Караџиќ, Питер Робинсон истакна дека неговиот клиент бил подложен на политички процес со цел „да се демонизира српскиот народ во БиХ“. На 25 мај Хашкиот трибунал го осуди 70-годишниот Караџиќ на 40 години затвор за геноцид над муслиманското население во Сребреница, за злосторства во Сараево, за земање на заложници и за голем број воени злосторства во седум општини во БиХ.