ЕУ: Турција да ги почитува човековите права

Федерика Могерини

Турција да ги почитува владеењето на законот, човековите права и основните слободи, порачаа од Брисел, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан. Во соопштение тие наведуваат дека спроведените мерки во образованието, судството и медиумите се „неприфатливи“. Истовремено, САД ги повикаа турските власти да ги зачуваат демократските институции по неуспешниот пуч, додавајќи дека меѓународната заедница „ќе надгледува“ што се случува во Турција која е членка на НАТО. Во Турција е воведена вонредна состојба.