Ердоган: нема пречки за продолжување на вонредната состојба

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека не постојат пречки за продолжување на вонредната состојба во земјата над три месеци. Вонредната состојба беше воведена вчера, потег за кој Ердоган оцени дека е неопходен по неуспешниот државен удар на 15 јули во кој загинаа 260 луѓе и над илјада и петстотини беа ранети. Во интервју за Ројтерс Ердоган повтори дека зад пучот стоел турскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во САД. Досега во Турција се приведени над 10 ипол илјади луѓе, вклучувајќи и стотина генерали.