Кери: САД му се целосно посветени на НАТО

Американскиот државен секретар Џон Кери

Американскиот државен секретар Џон Кери им гарантира на сојузниците во НАТО дека Соединетите држави остануваат целосно посветени на нивната одбрана. „Оваа администрација, како и секоја друга републиканска или демократска од 1949 година, останува целосно посветена на НАТО“, рече Кери. До ова дојде откако републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“ рече дека доколку биде избран за претседател тој нема автоматски да им помогне на Балтичките држави ако бидат нападнати од Русија. Претходно, како што изјави, ќе испитал дали тие земји ги исполниле своите обврски спрема САД.