Прекината седницата за правосудните реформи на Албанија

Албанскиот Парламент привремено ја прекина денешната седница, на чиј дневен ред се реформите во правосудството. Продолжението ќе зависи од преговорите за реформите. Седницата ја напушти спикерот Илир Мета, кој заедно со американскиот амбасадор Доналд Лу, евроамбасадорката Романа Влахутин и лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, замина на разговори околу рефомите. Лидерот на социјалистите и актуелен премиер Еди Рама одби да отиде на средбата, која ја иницираше Мета.

Инаку, Баша денеска првпат влезе во собраниската сала по 2011 година кога се откажа од пратеничкиот мандат за да може да се кандидира за градоначалник на Тирана, по што следните четири години беше прв човек на албанскопт главен град.