Албанскиот парламент ја почна седницата за реформите

Илир Мета.

Албанскиот Парламен денеска ја почна седницата на која треба да бидат усвоени реформите во правосудството, кои се клучен услов за приближување на земјата до ЕУ, без да биде постигнат консензус меѓу координаорите на пратеничките групи и спикерот Илир Мета, јави дописникот на МИА.

Мета прв им се обрати на пратениците јасно ставајќи им до знаење дека нема да ја затвори седницата без постигнат консензус и без изгласување на реформите.

„Реформите не ни требаат само за идните избори, туку за следните 30 години, изјави Мета“, додавајќи дека реформите не може да бидат усвоени без опозицијата.

На пленарната седница присуствуваат и двајцата главни меѓународни посредници во рефомрите, американскиот амбасадор Доналд Лу и амбасадорката на Мисијата на ЕУ, Романа Влахутин, додека пред зградата на законодавниот дом се собрани група граѓани кои бараат усвојување на реформите.