Нема зголемен прилив на мигранти во Бугарија од Турција

Приливот на мигранти во Бугарија од турска територија деновиве е со непроменета динамика во споредба со периодот од пред обидот за воен удар во Турција, изјави денеска генералниот секретар на бугарското Министерство за внатрешни работи, Георги Костов.

Како што јави БТА, Костов нагласи дека актуелните политички случувања во Турција досега не се одразиле врз обемот на прилив на мигранти во Бугарија.

Запрашан дали Бугарија очекува засилен миграцикси прилив, Костов изјави дека „воопшто не е важно што очекува бугарската полиција, бидејќи таа нема право да биде неподготвена“.

„Имаме доволно капацитети за да можеме да одговориме на секој нов предизвик. Но. засега нема објективни сознанија за таков предизвик“, потенцира Костов.